Животот е Маскенбал, Passage Маскенбал и тоа V.10

Џиџи-миџарница Нема коментари

Честитки до нашиот газда и другар

Passageлогија Нема коментари

 

   Да имате среќен, долг и плоден брак како Нив,  да бидете среќни и успешни како Нив,  да бидете дует како Нив, да имате успешна кариера како Нив,  животот да ви биде хит и да ве бие и служи добар глас како што нив ги служи сите овие години!!!

Од се срце Ви го посакува,

Passage тимот

14th Fucking Happy Birthday @ 06.02`10 сабота

Passage INFO Нема коментари

13 часовна журка за Водици @ 19.01 2010

Passage INFO Нема коментари

passage-vodici-2010.jpg

Среќна Нова 2010 година!

Passageлогија Нема коментари

     Cafe Passage Ви посакува Среќна Нова 2010 година, со желби да бидете сакани како Шехерзад, бизнисот да Ви оди како на Онур, да си најдите другарка како Бену, а љубовта да Ви трае како на Надидан и г-н Бурхан!

1205302_year_2010.jpg

    Не, не се зафркаваме, најискрено Ви посакуваме мнооогу здравје, а останатото можете да го купите за едно евро во кинески шоп!

  •  
    •  
      •  
        • Од Управата на cafe Passage

Пижама Party @ 11.04 2009 сабота

Passageлогија Нема коментари

   Точно по 10 години, во Passage изминатиов викенд беше организирана втората Пижама Party.

Галеријата можете да ја погледните на следниов линк:

а за потсетување или информирање на помладите генерации, можете да ја погледните галеријата за тоа како некои други генерации, пред една деценија се журкаа на првата:

Честит 8-ми март!

Passageлогија 1 Коментар

   Во недостаток на време да изработиме честитка со кокиче, како на времето во училишните денови, машкиот дел од Пасаж, се одлучи на овој начин на сите припаднички од понежниот пол да им го честита:

Среќен 8-ми Март!

8mart-2009.jpg

   Со надеж за зголемена консумација на јужно овошје (според препораките на медицинските лица), се со една цел да ни бидете поздрави, поубави и повесели!

Роденденски импресии

Passageлогија 2 Коментари

     После завршеното славење на 13 годишното постоење на cafe Passage, ги средивме импресиите и сликите, кој беше нека коментира како поминал, кој не беше нека погледни како беше, кој беше и со кој беше, беше, беше:

Joy Division @ Love will tear us apart

Чуј-почуј! Нема коментари

Ново видео на BBC за добро познатата „Love will tear us apart“ на најголемиот мит во рок музиката во изминатите 30 години Joy Division, бенд кој со неколку годишното постоење на крајот од 70-тите направи музички земјотрес во модерната музика, последици кои се чувствуваат и денес.

„МОСТОВИ“ - нов школски весник

Могилски Таксири Нема коментари

     Учениците од Основното Училиште „Гоце Делчев“ во с.Могила започнаа со уредување и издавање на новиот школски весник „МОСТОВИ“ во кој се информира за активностите на учениците во училиштето, творечко катче во кое се презентираат делата на младите поети и уметници, забавна страница…     страници во кои е вложено многу труд и љубов.

skolski-vesnik.jpg

     Во секој случај вреди да се разлиста, да се запознаете како размислуваат новите генерации, па тркнете до најблиското комшивче сигурно ги има првиот и вториот број, а третиот веќе се подготвува.

Компјутер

Литературна Бижутерија Нема коментари

Компјутеру машино добра
опасна си ко кобра.
Кога пецнеш заведуваш
и во соба со тебе затвораш.

Компјутеру машино моја
да ти ја ебам мамата твоја.
Од мене направи изрод гаден
за твоите програми вечно гладен.

Сегде јас монитор гледам
сегде верно јас те следам.
Јас сум сега твој роб
везден пишувам изворен код.

За другари време немам
нова програма јас спремам.
Како може да сум таков труп?
Како може да сум толку глуп?

За нормален муабет зборови немам
како некој да ми ги земал,
но за тебе штом се збори
мене душата ми гори.

Машино одвратна ти ме плени
ме одалечи од сите жени.
На рам и хард јас се палам
наместо девојчинја да галам

Пред тебе многу време чмаам
и сега за тоа се каам.
Со тебе многу време губам
да те откачам се трудам

Доста со тебе јас се бафтам
најарно е со секира да те скршам
Најдобро е да те скрсам
со другарството наше јас да свршам.

Морам да ти ставам крај
да видам малку што е рај.
Да престанам да компајлирам
малку душа да си смирам.

Да видам малку подруг свет
да видам птица во слободен лет

„По свадба-тапани“ @ среда 11.02 2009

Passage INFO Нема коментари

    Додека ги  средувате импресиите од роденденската журка и го спуштате покачениот шеќер во крвта од роденденската торта, не ги објавуваме сликите, туку Ве покануваме на уште една роденденска журка во среда 11.02 2009 година:

rodenden-13-pass-2009-ii-de.jpg

     Знаеме дека така ќе речете и вие: „По свадба -тапани“, но имаме и повод. Со оглед на тоа што ова му е 13-та година од опстојувањето на cafe Passage моравме нешто да превртиме (да не ги облекуваме гајќите однопаку, или да ги превртуваме масите!), го превртивме распоредот на прославата со цел да го избркаме малерот од тринаесетката и против уроци!

   Торта повторно не очекувајте, но затоа ќе има тапани и други матракулии:

  • Моксој на Ni4e и Dj P.R.L.E.

  • Премиера  на т.н. документарец: „13 луди години cafe Passage

  • ТИК - ТАК во живо и

  • … пиење на мртво.

Кој милува, нека повели,  за импресиите (сликите)  да бидат комплетни!

Tурнир во фудбалче кај Жика

Могилски Таксири Нема коментари

Викендов се одржа Турнир во фудбалче кај Жика, во кој учествуваа повеќе екипи, кои при пријавувањето за учеството на истиот уплатуваа по 200 димари (Луѓе дали веќе имаме наша могилска валута? како можело овај значаен момент за развојот на Општината да остане преспиен од наша страна!).

fudbalce-zika.jpg

Слики веќе можете да погледнете на „Могилска Шема“ на следниве ликови: 1, 2, 3.

« Претходни