Промоција @ сабота 22.11 2008

Passage INFO Нема коментари

        Време е заспаната Могила да се разбуди и извлечи од калта во која заглавила, Abdal MC feat. Dj P.R.L.E. се во акција, само за Вас го подготвија новиот специјалитет на Passage кујната, R`n`B и Hip Hop микс, со кој се надеваaт дека ќе Ве извлечат од домашната атмосфера за до го вкусите. Гарантираат дека радосно ќе потскокнувате во неговиот ритам викајќи: YO! Passage

yo-passage-450.jpg

Најтешки могилски клетви

Могилски Таксири Нема коментари
kletvadadajgospo.jpg
1. Да даj Госпо да те згазни рејзо на Транскоп во 12 и пол на средсело.
2. Да даj Госпо радиото да ти прегори, а на комшиите само радио МЕФ да фаќа!
3. Да дај Госпо куќата со дворот да си ја видиш на вести на А1 и Пеце Стефановски да прави прилог за тебе.
4. Да дај Госпо мајкати да ја видиш во вторник на CD на тезгата на Фатони, а таткоти во петок на пазар на плакат на Селската.
5. Да дај Госпо децата наопаку да ти се родат, и цел живот во рикверц да одат.
6. Да дај Госпо од Д-р М-ри оправдање да бараш.
7. Да дај Госпо сите заби да ти паднат, само еден да ти остане, а и тој да те боли!
8. Да дај Госпо да ти умри козата, а петело кај комшиите да снеси јајца.
9. Да дај Госпо да ти се прекисели зелката, да се прејадиш, пролив да фатиш и на крај да прдниш в кафич!
10. Да дај Госпо сите в куќа да ти плачат, само поп С.  да ти пее!
11. Да дај Госпо да умриш за вода, а да имаш вода во коленото!
12. Да дај Госпо мајка ти да те познај на бандера!
13. Да дај Госпо ќерка ти да се појави на емисија кај Драган Вучиќ, а син ти кaј Боки 13.
14. Да дај Госпо Фиорела мајка да ти биди.
15. Да дај Госпо цел живот да имаш добиено, и сите пари за влошки да си ги дајш.

Ladytron - Runaway

Чуј-почуј! Нема коментари

Ladytron е поп бенд од новата генерација на англиската музичка цена. Формирани се 1999 кога го позајмиле и името од истоимената песна на Roxy Music. Главна карактеристика на нивниот звук е примената на аналогната технологија во производството на електронскиот звук, карактеристичен за 80-те години, на што се надоврзува и целокупната атмосфера која ја создаваат. Заштитен знак се и двете викалистки Helen и Mira (која има бугарско потекло). Годинава го издадоа 4-тиот албум: „Velocifero“ и од него Ви го презентираме синглот “Runaway”

Сама

Литературна Бижутерија Нема коментари

Си седам дома гола,
па си се соблеков до пола
па ми текна ај не до пола
подобро да бидам гола
И таман се соблеков гола
ете ти на врата 2 вола.
Па морав да се облечам бар до пола
тие не заслужиле да ме видат гола
зашто стварно немаат добра кола.

Едниот ми кажа дека пее ко Шола
е немаше завршено музичка школа
другиот кажа дека има ебола.
Па мислеше од жал ќе се соблечам гола
Е нема гола,
нема ни до пола
aj у пичку матер вие 2 вола.

Осамена и нанервирана поетеса

Наносекунди…

Светски чудесии Нема коментари

Наносекунда е милијардити дел од секундата, временско растојание кое тешко може да се замисли, тоа е еден миг кој може да биде забележан, и доколку не би можеле да го замислите би изгледал, вака:






За морковот, јајцето и кафето

Бабини Деветтини Нема коментари

     Една млада девојка отишла кај мајка и’ да и се пожали колку и е тешко во животот. Се жалела дека е веќе уморна од борби и страдања, решавајќи еден проблем а веќе нов се појавувал.     Мајка и ја ислушала и ја однесла во кујната. Ставила вода во три садови и сите ги ставила на шпорет. Набргу водата почнала да врие.
     Во првиот сад ставила моркови, во вториот јајца и во третиот две лажички кафе. Седнала покрај масата без да каже ниеден збор.
      По дваесетина минути го исклучила шпоретот и ги тргнала садовите настрана.
Ги извадила морковите, јајцата и зрната кафе и ги ставила во чинии.
     Се свтела кон ќерката и ја прашала - Кажи ми што гледаш
Моркови, јајца и кафе - одговорила таа
     Мајка и и рекла да ги погледне морковите поубаво, да осети дека тие се меки.
Потоа и рекла да земе едно јајце и да го скрши. Јајцето било тврдо варено.
     На крај, мајката и рекла на ќерката да тури од кафето. Ќерката го почувствувала мирисот на вареното кафе.
Ќерката прашала - Мајко, што значи сево ова?
    Мајката и објаснила дека сите овие три работи биле во врела вода, но сите реагирале различно.

     Морковот е тврд и силен, но откако го ставивме во вода да врие тој омекна и стана мек.
    Јајцето на почетокот беше кршливо, неговата тенка лушпа не е секогаш во состојба да ја заштити течноста, но откако го ставивме во вода да врие неговата внатрешност зацврсна.
     Кафето, откако го ставивме во вода, тоа ја смени водата.

Кое од овие си ти? - кога лошото ќе ти затропа на врата, како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?
Размисли. Каков си?
Дали си морков кој што навидум е тврд и јак, но кога ќе се соочи со незгода омекнува и ја губи јачината?
Дали си можеби јајце кое започнува со попустливо срце, но се менува на топлина?     Дали има мека душа, а после некаква незгода се скаменуваш? Дали однадвор изгледаш исто, но одвнатре си поцврст?
    Или пак си како кафето? Кафето ја смени топлата вода, испушти вкус и боја. Тоа значи дека во тешки моменти реагираш правилно и ја менуваш состојбата околу себе.

Повик за помош

Passageлогија Нема коментари

На нашиот е-маил пристигна еден повик за помош кој го пренесуваме и апелираме до Вас заеднички да помогнеме на еден млад живот: 

humanitaren-koncert.jpg

Подетални информации на: My Space-от на Сања Чавдарова

Бидете хумани и подадете рака!

The Presets - This Boy’s in Love

Чуј-почуј! Нема коментари

Тhe Presets сe најинвентивната појава на денешната модерна музика, нивниот најнов сингл „This Boy’s in Love“ изминатово лето беше еден од најголемите хитови на летните фестивали. Запомнете го ова сиднејско dance-punk дуо, нивното време следи…

Уништувачи на спомен-фотографии

Џиџи-миџарница Нема коментари


Внимавајте што барате од Господа!

Бабини Деветтини Нема коментари

Gospod reshil da go pravi svetot.
Prviot den, Bog go napravil kuceto i mu rekol:
‘Sedi po cel den pokraj tvojata kukicka i laj po sekoj
sto ke pomine. Za vozvrat, ke ti dadam da zivees 20 godini.

‘ Kuceto reklo: ‘ Ne mi se lae tolku dolgo. Moze li
samo 10 godini, a jas da ti gi vratam drugite 10? ‘Gospod se soglasil.

Vtoriot den Bog go napravil majmunot i mu rekol:
‘Zanimavaj gi lugeto, pravi finti i teraj gi da se smeat.. Ke ti dadam 20 godini zivot.
Majmunot odgovoril: ‘Da pravam majmunloci 20 godini?
Toa e mnogu dolgo vreme. Moze li da ti vratam 10, kako kuceto sto napravi?
‘I Bog povtorno se soglasil.

Tretiot den Gospod ja napravil kravata i i soopstil:
‘Ke moras da odis vo poleto so farmerot, po celi denovi
da se peces na sonce, da mu ragas telinja i da mu davas mleko za da moze da go izdrzuva semejstvoto. Za trudot ke dobies zivoten vek od 60 godini.’
I kravata se pobunila velejki: ‘ Prilicno e naporen zivotot sto go baras od mene da go ziveam 60 godini. Moze li da ti vratam 40?

‘Moze.’

Cetvrtiot den Bog go stvoril covekot i mu rekol:
‘Jadi, spij, zabavuvaj se, ozeni se i uzivaj vo zivotot. Ke ti dadam 20 godini zivot.’
Covekot na toa odgovoril: ‘ Samo 20? Moze li nekako da mi gi prefrlis i 40-te od
kravata, 10-te od sto gi vrati
majmunot i 10-te od kuceto? Toa se osumdeset, vo red e?’

Vo red’, odgovoril Gospod.

I taka covekot prvite 20 godini jade spie se zabavuva i
uziva. Narednite 40 rinta kako vol za da go izdrzuva semejstvoto,.
Slednite 10 se glupira za da gi zanimava vnucite.
I poslednite 10 dreme pred vrata i lae po site.

Календар за жени

Онадење Нема коментари

Доста се само календари за пиво со добри цици, еве неколку страници од календарот на 7UP (или кај нас попознат како „ЗУП“) наменет за нашите потенцијални конзуматорки на овој пијалок. Не за друго туку да не речат дека на нив се присетуваме само на 8ми март.


Радика - недопрена убавина

Македониум Нема коментари

Радика извира на 2200 метри надморска височина под Враца. Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км. На овој пат таа прима четири притоки и тоа: Рибница, Мавровска река, Жировничка река, и Мала река.Радика има чиста, бистра и студена вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.

Долината на Радика е една од најатрактивните и најживописните кањонски долини. Кањонот е стар неколку милјони години пробивајќи се меѓу планинските страни на Бистра и Стогово на Исток и Кораб и Дешат на запад.Радика е единствена река Бифуркација во Македонија, која дава вода на два слива Јадрански и Егејски слив. Со канали дел од водите на Радика се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а од тука со подземни тунели во Вардар. Тука е изградена ХЦ “Врбен”.

Куриозитет на долината на Радика претставува народната оригинална архитектура на селските куќи во Битуше, Јанче, Гари, Лазарополе и др. Околината на Радика изобилува со богат растителен и животински свет. Од дивечот има срни, диви свињи, дивокози, мечки, рисови, волци, лисици и др.

Покрај риболовот на пастрмки, постојат можности за лов на крупен дивеч. Непосредно над брегот при утоката на Радика во Дебарското Езеро се наоѓа бањата Косоврасти, познато лекувалиште за ревматски заболувања. Топлите 48 С сулфурни и радиоактивни води уште повеќе ја зголемуваат привлечноста кон Радика.

текстот е позајмен од: www.wikipedia.org, photo© Mona Liza

Старец му го кастрирал магарето на соседот

Пелагониски Бисери Нема коментари

Осумдесет и четиригодишниот М.С. од село Карамани со трнорез - сор (алатка за сечење трева) го кастрирал магарето на својот сосед Лазо М.. Лазо своето магаре секојдневно го врзувал да пасе во својата нива што се граничи со нивата на М.С. Но, еден ден кога и тој ја врзал својата магарица во нивата се случил инцидент. Имено, магарето на Лазо ја скинало ортомата и ја нападнало магарицата, по што имале љубовна сеанса.

magare.jpgmagare.jpg
magare.jpgmagare.jpg

magare.jpg

   Во тој момент наишол старецот кој кога ги видел животните во љубовен занес со трнорез, што го носел со себе, му го пресекол половиот орган на магарето на Лазо, повторно го врзал во нивата и си заминал дома. Во семејството на Лазо ни рекоа дека тие лесно можат да докажат дека нивното магаре го кастрирал М.С. Но, поради тоа што немаат пари, нема да го тужат соседот. Магарето Марко сега го лекуваат под стручен надзор на ветеринар.

« Претходни