Радика извира на 2200 метри надморска височина под Враца. Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км. На овој пат таа прима четири притоки и тоа: Рибница, Мавровска река, Жировничка река, и Мала река.Радика има чиста, бистра и студена вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.
Долината на Радика е една од најатрактивните и најживописните кањонски долини. Кањонот е стар неколку милјони години пробивајќи се меѓу планинските страни на Бистра и Стогово на Исток и Кораб и Дешат на запад.Радика е единствена река Бифуркација во Македонија, која дава вода на два слива Јадрански и Егејски слив. Со канали дел од водите на Радика се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а од тука со подземни тунели во Вардар. Тука е изградена ХЦ “Врбен”.
Куриозитет на долината на Радика претставува народната оригинална архитектура на селските куќи во Битуше, Јанче, Гари, Лазарополе и др. Околината на Радика изобилува со богат растителен и животински свет. Од дивечот има срни, диви свињи, дивокози, мечки, рисови, волци, лисици и др.
Покрај риболовот на пастрмки, постојат можности за лов на крупен дивеч. Непосредно над брегот при утоката на Радика во Дебарското Езеро се наоѓа бањата Косоврасти, познато лекувалиште за ревматски заболувања. Топлите 48 С сулфурни и радиоактивни води уште повеќе ја зголемуваат привлечноста кон Радика.
Осумдесет и четиригодишниот М.С. од село Карамани со трнорез - сор (алатка за сечење трева) го кастрирал магарето на својот сосед Лазо М.. Лазо своето магаре секојдневно го врзувал да пасе во својата нива што се граничи со нивата на М.С. Но, еден ден кога и тој ја врзал својата магарица во нивата се случил инцидент. Имено, магарето на Лазо ја скинало ортомата и ја нападнало магарицата, по што имале љубовна сеанса.
Во тој момент наишол старецот кој кога ги видел животните во љубовен занес со трнорез, што го носел со себе, му го пресекол половиот орган на магарето на Лазо, повторно го врзал во нивата и си заминал дома. Во семејството на Лазо ни рекоа дека тие лесно можат да докажат дека нивното магаре го кастрирал М.С. Но, поради тоа што немаат пари, нема да го тужат соседот. Магарето Марко сега го лекуваат под стручен надзор на ветеринар.
Минатиот месец ( август) во Велика Британија се одржа т.н. V Festival, каде што настапија и Мuse, во моментов можеби најголемата концертна рок атракција во светот. На нивниот настап свиреа нова песна т.е. изведоа песна од Ennio Moriccone, човекот одговорен за музиката во филмовите „The Good, The Bad and The Ugly“ и „Once Upon a Time In The West“. Песната носи наслов „The Man With The Harmonica“ и како што ќе видите/слушнете во клипот подолу, е супер вовед во според многумина легендарната „Knights of Cydonia“ (од нивниот албум “Black Holes & Revelations” 2006). Убедливо најинтересниот момент за нас во целиот клип е веењето на големо македонско знаме. Постои некоја своевидна традиција во Британија да се носат знамиња на фестивалите и повеќе од добредојдена беше сликата од над 50 000 луѓе и македонското знаме да се вее повисоко од сите останати знамиња. Па, уживајте во клипот.
Еден човек одлучил да се жени. Се двоумел помеѓу три слични кандидатки. Тогаш им подарил по 5.000 $ и причекал да види што ќе направат со парите.
Првата отишла во салон за убавина. Си ја средила косата, телото, се нашминкала, се дотерала, си купила нова облека, се средила убаво за човекот. Му рекла дека сето тоа го направила да му биде што попривлечна бидејќи многу го сака.
Човекот бил импресиониран.
Втората отишла во шопинг да му купи подароци на човекот. Му купила мобилен, додатоци за компјутерот, скапа облека и парфем. Му ги дала подароците и му рекла дека ги потрошила сите пари за него бидејќи многу го сака.
Повторно бил импресиониран.
Третата жена ги вложила парите на берза. Заработила неколку пати повеќе отколку што вложила. Му вратила 5.000 $, а остатокот го ставила на заедничка сметка, и му рекла дека сака да вложува во нивната иднина бидејќи многу го сака.
И нормало би импресиониран.
Долго размислувал за парите, жените, околу тоа што тие направија со парите и тогаш одлучил!
Се оженил за таа што имала најголеми цицки.
Такви се мажите!
Поука:
Денес во светот се троши повеќе пари за зголемување на цицките и Вијагра, отколку на развојот на лечење на Алцхајмеровата болест. Тоа значи дека до 2040 година ќе постои бројна популација на стари луѓе со големи растресени цицки и зврста ерекција кои ќе немаат поим што да прават со нив!
Oди ќерката кај татко и да побара благослов за мажење.
- Тато, јас сум многу вљубена, сакам да се мажам!
- Па во кого се заљуби?
- Во оној Рикардо што работи во твојата фирма и многу се сакаме!
- Знаеш што ќерко, морам да ти кажам дека не можеш да се мажиш за него, знаеш, јас некогаш имав врска, Рикардо е твој полубрат, но те молам да не и кажуваш на мајка ти.
Девојкава се изразочарала, тагувала неколку месеци и кога конечно нашла нова љубов, повторно отишла кај татко и:
- Тато јас повторно се заљубив, имам дечко многу се сакаме и сакаме да се венчаме!
- Па во кој се заљуби сега?
- Па во оној Мануел што работи во твојата фирма
- Знаеш што ќерко, мене повторно ми е жал, но јас на времето имав уште една афера, и Мануел е твој полубрат, не можиш да се мажиш за него!
И пак се изразочарала девојкава, не знаела што да прави и решава сепак да и се пожали на мајка си:
- Мамо, јас двапати бев пред венчавање, но тато ме спречи, бидејќи и двајцата ми биле браќа од неговите афери!
- Ќерко омажи се слободно, тој не ти е татко!
Кинезите се потрудиле за време на Олимписките Игри гостите да ги нагостат со еден куп специјалитети од нивната традиционална кујна. Така, како што може да се види и подолу подготвиле, змии на скара, нозе од гуштери, скорпии, бумбари, џигери од коза, црн дроб од куче, супа од мозок од куче (не додржаа, и покрај забраната!), па малку повеќе морска храна: ајкули, морски коњчиња, ежови, уште од пиле млеко не видов!
Bon Appetite!
и уживајте во Олимписките Игри со полн стомак!
По јулската промо-турнеја, во чест на новото видео, за темата Единствена, MTV Adria ги предложи во поширокиот избор за номинацијата Best Adriatic act, во конкуренција со најдобри балкански бендови. Погледнете го видеото и ќе видите и чуете зошто се номинирани.
Не дека се наши да ги фалиме, но со секоја нова песна се подобри.
Pumpers само така продолжете!
Да се разбереме, вакви текстови добиваме на кило на нашиот е-маил: passage@passage.com.mk, тоа ти е, новиве деца изгледа со мочка се праени, ама ова е стварно врв на очајноста - а и ова е мек збор. Се што е болдирано e наш нјдобронамерен коментар, да не речам совет за оваа мистериозна девојка oд нашиов крај.
Ми здосади да живеам дома (Е па отсели се слободно!), бидејќи мајка ми и татко ми всушност се трудат да ми го наметнат оној стар начина на живот. (?!?) Под стар начин на жвот подразбирам оние сфаќања кои ги имаат за работите и сакаат да ми ги наметнат на мене ( Е па кога не излегуваш од дома…) Со живеењето со родители до касна возраст ние всушност и не можеме да се изградиме сами како личности (Отсели се!!!), бидејќи позади кој и да е проблем стојат тука мама и тато ( и не те оставаат сам да размислуваш и делуваш) (Ти си една од оние пуфли кои во животот имаат ВИСТИНСКИ проблеми, на пример: дали да одберат црвена или сина Nivea). Еден од овие старомодни начини на размислување се во врска со следново:
Тие викаат “е добро не се мажи, односно не брзај со мажењето” (Превод: чукај се колку сакаш сестро, само нека го вади на време) а од друга страна кажуваат “а па треба да си имаш некого, па што си така тажна дека немаш дечко” и слично…(Превод: прекини да пребираш! Кој бира - маструбира.) И како тоа јас да сум крива (А кој друг?) (односно ме обвинуваат на некој начин зошто немам некоја подолга и сериозна врска каква што имале тие на времето) (Уште ли веруваш во тие приказни. Нивната врска била сериозна колку што се сериозни моите одења на тутунберење после добра журка во Passage…) Односно од друга страна тие сакаат да ми тече животот најнормално (дефинитивно се во право кога ваква ќерка им се шета низ куќи), а самата ситуација во која се наоѓаме ние тука во Македонија не е нормална и е ужасна. (Навистина!?) Односно се се гледа преку призмата на пари, се се гледа преку призмата на интересот. (Хмм… Колку луѓе рече дека познаваш? 10? ) И после од каде да знаеш дека некој тип/ка всушност те сака тебе (или ги сака само твоите пари) или пак твојата добра кола.( Па пробај еве еднаш излези без твојата скапа кола, со 120 ден. в џеб, растреси ги малку твоите целулитни ноџиња, па не ќе фатиш некоја салама, а не навечер дома да гребиш по ѕидови)
Во мојава околина на девојки (нормално не толку привлечни) почнаа да им купуваат коли за да си фатат дечко.(Како не ти е срам, демек ти си лепотица, а сите други се грди?) И знаете што, и сите успеаа во тоа, односно си фатија дечковци. (Што зборуваш?!? Пак си престанала да ги пиеш лековите… или можеби дупла доза земаш?) А машките нели “нормално” треба да имаат кола за да на првиот состанок ја фасцинираат девојката и да и го платат пијалокот, (Па шо да прајме ко сите се ко тебе) само во таков случај девојката ќе биде негова. (А можеби ни тогаш) Оваа ситуација е навистина катастрофална, барем според мене, бидејќи навистина верував некогаш во љубовта но сега со тек на времето прашувам дали таа воопшто постоела? (Види вака, љубовта е измеслена од партизаните за да ве дупат без пари, Германците најпоштено си плаќале! Туку земи чукај се чупе, немој да се правиш како тоа да е казна за тебе. На кого му е поубаво, на прстот или на увото?)